Официјалните симболи на Кочани (грбот и знамето) беа усвоени на седницата на Советот на општината од 29 јануари 2010 година. Нивен автор е Стојанче Величковски, член на Македонското хералдичко здружение.

Грбот на општина Кочани е златен (жолт) штит, со црвена глава и тенок црвен обраб. На штитот е поставенo стилизирано оризово класје 3-2-1 на водена површина означена со бранови 2-3-2, кои што претставуваат оризово поле.
На главата на грбот е аплицирана посебната симболика за Кочани – геотермален извор и оризово класје.

Знамето е во црвена боја, по целата должина се аплицирани два жолти појаси со широчина од 1/8 од вкупната широчина. Поставеноста на појасите, исто така, е на 1/8 од рабовите на знамето, а црвениот внатрешен простор е 1/2 од широчината на знамето.
Меѓу жолтите појаси е поставена апликацијата од главата на грбот на општината.