
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и министерот за здравство Азир Алиу одржаа прес-конференција на која ги соопштија активностите за уредување на дворната површина и кругот на Општата болница – Кочани.
Градоначалникот Грозданов истакна дека целта е Општата болница во Кочани да добие нов и поуреден изглед, со подобрена функционалност за пациентите, вработените и возилата.
– Во соработка со КЈП „Водовод“ се реализира расчистување на обраснатата вегетација со цел да се уредат зелени површини и да се отвори простор за нови места за паркирање на три локации во болничкиот круг. Со овие активности ќе се овозможи подобар пристап до болницата, особено за возилата на Итната медицинска помош – истакна Грозданов.
Тој додаде дека е целосно поправено и јавното осветлување во кругот на болницата, кое подолг период било нефункционално.
Министерот за здравство Азир Алиу ги поздрави видливите резултати од зафатот што го иницира и реализира градоначалникот Грозданов за подобрување на надворешниот изглед на болницата.
– Инфраструктурата е еден од трите главни столба за враќање на довербата на граѓаните во здравствениот систем – нагласи Алиу.
Директорката на Општата болница, Катерина Паниќ Мирчовска, информираше дека активностите ќе се реализираат етапно, а граѓаните ќе бидат навремено известувани за текот на работите, со цел да се избегне сообраќајниот неред.
- Почетна
- За Кочани
- Локална Самоуправа
- Администрација
- Услуги
- Сектори
- Одделенија
- Одделение за буџетска контрола
- Одделение за буџетска координација
- Одделение за даноци, такси и надоместоци
- Одделение за информатичка комуникациска технологија и гео информациони системи
- Одделение за јавни дејности
- Одделение за комунални дејности
- Одделение за локален економски развој и прекугранична соработка
- Одделение за правни и општи работи
- Одделение за сметководство и плаќање
- Одделение за спроведување постапка за располагање со градежно земјиште
- Одделение за урбанизам и заштита на животна средина
- Одделение за уредување на градежно земјиште
- Кодекс за Административни Службеници
- Администрација
- Е-Општина
- Контакт
Select Page























