Во тек се градежните работи за реконструкцијата на тротоарската површина на улица „Кеј на Револуцијата“. Уредувањето на пешачката зона се протега во должина од 257 метри, почнувајќи од Градскиот плоштад.

На тротоарската површина од 900 метри квадратни се работи на ископување на стариот бетон, тампонирање на теренот, по што ќе бидат вградени бехатон плочки.

Изведувачот на градежните активности е фирмата „Коп Инжинеринг“ од Скопје, а реконструкцијата е финанисрана од општински средства.