Со рехабилитација е опфатен потегот од новата бензинска „Лукоил“ до кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, со тротоарот.
Кон овие градежни активности ќе се вклопи и довршувањето на кружниот тек кај Автобуската станица, каде што веќе е поставен основниот асфалтен слој.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти на Светска банка, за проектот беше изготвен План за управување со животна средина и социјални аспекти и беше одржана јавна презентација и консултација.
Пред почетокот на изведбените работи, со цел јавноста, локалното население и останатите засегнати страни да бидат информирани и да земат активно учество при реализацијата на Проектот, воспоставен е Механизам за жалби и поплаки.
Поради тоа, на веб-страниците на Општина Кочани и на Министерството за транспорт и врски е објавен документ Механизам за жалби и поплаки, каде накратко е опишана целта, идејата и постапката на самиот механизам, со лица за контактирање кои ќе бидат задолжени за негово спроведување, односно примање на жалби и поплаки, нивно процесуирање и решавање.
Доколку има каква било жалба или поплака во врска со реализацијата на Проектот при изведување на градежните работи на терен, локалното население пополнува Образец за поплаки.
Овие два документа остануваат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на Проектот за рехабилитација на левиот коловоз од булеварот „Тодосија Паунов“.