Во ОУ „Раде Кратовче“ се одвиваат градежни работи за промена на кровот.
Активностите се на самиот почеток. Постапно се отстранува постојната покривна маса за да се замени старата кровна конструкција со нова. Изведувач на работите е „Бепинг констракшн“ од Кочани.
Проектот се реализира со средства од Јапонската амбасада, во износ од 4.332.489 денари.
Според планирањата, реконструкцијата на кровот на ОУ „Раде Кратовче“ ќе заврши до крајот на август.