Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ годинава го приреди 16 Новогодишен концерт. Под мотото „Ноговодишна ѕвезда“ во концертот учествуваат околу 200 поранешни, сегашни и идни ученици, наставници од кочанското Основно музичко училиште и музички соработници групирани во мал, голем хор, оркестар и електричен бенд.

Училиштето под диригентсво на Марија Лазарова го приреди најубавиот предновогодишен културен настан во Кочани, кој вообичаено ја полни салата во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Годинава беа прикажани седум претстави, за учениците од основните училишта и две вечерни претстави.

Новогодишните хорски и оркестарски композиции наидоа на одличен прием кај публиката, која ги наградуваше учесниците со долги аплаузи.

Организатор на концертот е Општина Кочани, а генерален спонзор е компанијата „ИНТ“ од Кочани.