Шаховскиот клуб “Кочани” беше домаќин на Третиот меморијален турнир “Тодор Милосиев-Тошо”.
На турнирот во чест на кочанската шаховска легенда и шаховски педагог Милосиев, настапија 24 шахисти на возраст од 9 до77 години од Кочани, Свети Николе и Скопје.
Најуспешен на турнирот беше Ѓорги Петров, на второ место се најде Јоцо Колев, а третото место му припадна на Ванчо Петров.
Пехарите на тројцата најуспешни им ги додели градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Највозрасниот учесник Михаил Стефанов и најмладиот гостин на турнирот Емануел Ангеловски добија шаховски табли, а за сите учесници ШК “Кочани” обезбеди медали.
Меморијалниот шаховски турнир се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.