Втората форумска сесија во општина Кочани се одржа на 01.11.2016г. (вторник) во хотел *Еуро – Брана Гратче* во Кочани.

На втората форумска сесија, граѓаните ја продолжија работата околу изготвувањето на општинскиот буџет на Кочани за 2017 година, во рамките на спроведувањето на буџетскиот форум, кој е дел од програмата „Форуми во заедницата“.

Според утврдениот распоред на форумскиот процес, на оваа сесија учесниците беа информирани за планираните и реализирани приходи до 30.09.2016 година, како и за планираните приходи на општината за 2017 година од страна на раководителот на Одделението за финансиски прашања Дејан Рашков.

Истовремено, беше презентирана и листата на приоритети за развој на општината за 2017 година, изготвена според предлозите на граѓаните од првата форумска сесија, кои на општо задоволство можеа да заклучат дека од 33 предлози 32 можат да бидат прифатени и вклучени во буџетот на општината.

Учесниците, кои, според правилата на форумот, работеа по работни маси, предлагаа и нови и дополнителни извори за зголемување на приходите на општината, како што се, зголемување на процентот од ДДВ наменет за општините и слично, издвојување на наменски денар сњкој месец за култура односно предлогот е да 20 ден од секое домаќинство се наплаќаат со сметките за вода и истите се користат за културни активности, зголемување на процентот на концесии од 10% на 20% годишно, дел од средствата од продажбата на земјоделско земјиште да одат во Буџетот на Општината, воведување наплата на еколошки такси и други.

На крајот на втората форумска сесија беа детално претставени 13 буџетски програми, , учесниците одлучија на следните сесии да расправат и да дискутираат за 9 од нив и тоа:

1. Програма за уредување на градежно земјиште во општина Кочаниза 2017 година;

2. Програма за уредување на просторот во руралните подрачја во општина Кочани за 2017 година;

3. Програма за изградба и реконструкција на улици и патишта во општина Кочани за 2017 година;

4. Програма за иззградба на водоводна мрежа во во општина Кочани за 2017 година;

5. Програма за изградба на фекална канализација во општина Кочани за 2017 година;

6. Програма за Култура на општина Кочани за 2017 година.

7. Програма за остварување на социјална и детска заштита во општина Кочани за 2017 година.

8. Програма за спорт на Општина Кочани за 2017 година

9. Програма за работа на птотив пожарна заштита