Се освежува бојата на оградите на мостовите и на заштитните огради во Кочани.
Со договорот за фарбање огради што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Политехна-компани“ од Кочани, во тек е бојадисувањето на металните огради во Кочани.
Активностите започнаа од Двојниот мост. Деновиве екипите работат на мостовите спротиводно на Кочанска Река, а бојата на оградите ќе се обнови и на мостот на Масалница во Оризари.