Почнувајќи од четврток, 23 април 2020 г., се намалуваат рестрикциите на движењето.

Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движење на граѓаните од 5 часот наутро до 19 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 5 часот наутро.

За лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 5 часот наутро до 12 напладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Забраната за движење за викенд ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот.

Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот.