Почнаа градежните работи на четири улици во населбата Усова Чешма: „Ване Грдовјански“, крак на „Македонска“, крак на „Кресненско востание“ и крак од „Никола Парапунов“.
Механизацијата на избраниот изведувач „Ве-група“ од Радовиш деновиве ја трасира улицата „Кресненско востание“, а изградените потпорни ѕидови на „Ване Грдовјански“ и „Македонска“ овозможуваат да почнат подготвителните работи за асфалтирање и на овие улици.
Според предмер-пресметката, ќе се градат вкупно 650 метри, со што во населбата Усова Чешма ќе бидат асфалтирани сите големи улици.
Деновиве, поради тековните градежни активности на кружниот тек кај Автобуската станица и почетокот на реконструкцијата на улицата „Тодосија Паунов“ се применува времен режим на сообраќајот. Десниот коловоз на „Тодосија Паунов“ на потегот од кружниот тек кај Шумското стопанство до Стопански двор на „Водостопанство“ се користи за сообраќај во двата правца. Одговорните апелираат учесниците во сообраќајот да бидат внимателни при движењето и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.