Во тек се работите за изградба на улицата „Александар Митев“ во селото Тркање. Градежната фирма „Коле транс“, како избран изведувач, работи на ископ и тампонирање на траса долга 520 м, со ширина од 3,5 до 5 м. За асфалтирање на оваа улица се обезбедени 2.332.000 денари од Буџетот на Општина Кочани.
Деновиве, во населбата Драчевик, градежна механизација на „Калина“ од Оризари пробива дел од улицата „Бел камен“, која ќе биде широка 6 м, а во нејзина непосредна близина се пробива и пристапна улица со ширина од 5,5 метри.
Овие градежни активности во населбата Драчевик се во функција на создавање услови за продажба на градежни плацови, сопственост на Општина Кочани, со што ќе биде одговорено на потребите на граѓаните.