Започна изградбата на жардиниери на разделно зеленило на улиците „Никола Карев“ и „Тодосија Паунов“.
Механизацијата на изведувачот „Прима градба“ од Штип деновиве врши ископ и поставување на армирано-бетонски монтажни елементи за жардиниери на потегот од Основниот суд до Автобуската станица во Кочани. Жардиниерите го заменат сегашното минимално разделно зеленило, во должина од 720 м.
Според склучениот договор, градежните работи се очекува да завршат во рок од шест месеци. За овој проект се наменети 1.800.000 денари, средства општинскиот буџет.
Хортикултурното уредување и начинот на наводнување на зеленилото понатаму ќе биде избор и обврска на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“.