Деновиве се врши поголем зафат на градежна работна активност, односно изградба на колекторско поврзување на канализационата мрежа од с. Тркање до Пречистителната станица со бушење под железничката пруга и пристапниот пат.
Станува збор за канализациона мрежа во село Тркање, проект со кој се реши долгогодишен проблем со канализацијата во с. Тркање.
Должината на колекторот е околу 3км, а инвеститор е Швајцарската агенција за економса соработка СЕКО.