Проширен состав на Комисијата за урбанизам при Општина Кочани ги анализираше можните локации за изградба на игралиште за баскет и за фитнес зони – барања на Агенцијата за млади и спорт во Република Македонија.
Стручните служби од Општината предложија четири локации за игралиште за баскет: во месноста Прокарка, на „Мородвиска епископија“ во близина на маркетот „Зендолино“, на улицата „Февруарски поход“ и во близина на комплексот „АСНОМ“. Овие предлози беа дополнети со локации во населбата Бејрут, кај Колерски Гробишта, Усова Чешма и на паргингот кај Споменикот на слободата..
– Фитнес-зоните ќе содржат елементи за лесна атлетика, хоризонтална и вертикална клупа, вратило, туш кабина, гардероба и мијалник. Нивното поставување ќе има за цел да ги подобри условите за физичката активност кај луѓето, објасни Александар Гицов, раководител на Одделението за урбанизам во Општина Кочани.
Како најсоодветни за фитнес-зони беа предложени локации во Градскиот парк, во СРЦ „Бавчалук“, Гоцева Шума и кај Градскиот базен во СРЦ „ЗОРИК“.
Општина Кочани упати повик до граѓаните и тие да достават предлози во Секторот за урбанизам, со цел да се изберат најпотребните и најсоодветните локации за овие намени.