Во завршна фаза се градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Ветеринарна станица“, на дел од ул. „Лазар Андонов“ во Кочани.
Денеска се постави првиот слој асфалт на преминот, откако беше вградена гумена подлога, за да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот.
Претходно, заврши модернизацијата на преминот преку железничката пруга кај Основниот суд во Кочани, со што веќе се отстранети проблемите што предизвикуваа тешкотии во движењето на возилата на овој дел од улицата „Никола Карев“.