Почна асфалтирањето на дел од улицата „Димитар Влахов“, на потегот од Стришанска Чешма до ТА „Вел-јан“.
Градежните активности се дел од реконструкцијата на оваа улица, а во рамките на изградбата на втората коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“.
Овој проект ја опфаќа и изградбата на кружниот тек кај „Вел-јан“, кој се асфалтира денеска.