Детската градинка „Павлина Велјанова“ приреди свечена завршна приредба со децата од воспитните групи од пет и шест години.

Под мотото „Исти, но сепак различни“, децата и воспитувачите покажаа дека сите деца на светот – бели, црни, жолти, иако се различни – се исти. Сите имаат слични мечти и соништа, детски желби и потреби.

Во своето обраќање пред родителите, директорката Лидија Серафимова, го истакна местото и улогата на возрасните во детскиот свет и посака многу здравје и успеси на новата генерација идни првоодделенци.

Настапите на најмладите беа бурно поздравени од многубројната публика.