
23.3.2018 г.
Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и Основното училиште „Раде Кратовче“ ги одбележуваат патроните празници на училиштата односно 74-годишнината од загинувањето на кочанските првоборци Сантов и Кратовче.
По тој повод се организирани прослави со културно-уметничка и забавна содржина приредена од настаници и ученици од училиштата, а СОУ „Љупчо Сантов“ отпечати вонредно издание на училишниот весник „Сантов“.
Делегации од Општина Кочани и од Сојузот на борците од НОВ положија свежо цвеќе на бистите на Сантов и Кратовче во училишните дворови и во Паркот на Револуцијата.