Освен дежурните екипи на Одделението за јавна чистота во КЈП „Водовод“ – Кочани, кои како секое и ова утро се грижат за јавната чистота на градот, овојпат после новогодишната ноќ, во текот на вчерашниот и денешниот прв ден од 2022 година, дежурни екипи на КЈП „Водовод“ интервенираа за настанат проблем со решетка на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани.
Со интервенцијата на КЈП „Водовод“ – Кочани, проблемот е саниран и сообраќајот се одвива нормално и непречено.