Во петок, на 13 ноември во 13 ч. во просториите на Библиотеката „Искра“ во Кочани ќе биде отворен Саемот на книгата.

На оваа традиционална манифестација која се организира по десетти пат ќе бидат претставени најновите и најпродаваните книжевни изданија за деца и возрасни, енциклопедии, стручна литература од повеќе области…

Саемот ќе биде отворен до 19 ноември, а љубителите на книгата ќе можат да го посетат во периодот од 10 до 18.30 ч.