Почна реновирањето на фасадата на Библиотеката „Искра“ во Кочани. Избраниот изведувач „Симак инженеринг“ ги извршува подготвителните работи.

Објектот ќе добие структурална висечка фасада од алуминиумски профили, а  планирано е застаклување со четирисезонско огноотпорно термопан стакло. Исто застаклување ќе биде поставено и на влезната врата на објектот. Од јужната страна ќе биде бетонирана заштитна патека.

Во внатрешноста на зградата ќе се постави осветлување со штедливи светилки, ќе се изведат молерофарбарски и подополагачки работи, што значи замена на постојниот паркет со епоксиден саморазливен под.

Реновирањето на Библиотеката „Искра“ следува по реконструкцијата на Мултикултурниот центар, со што објектот ќе една целина со нов изглед.

Надзорот на работите ќе го врши Центарот за консалтинг и инженеринг „Концепт ЕУ“ – Кочани.

Буџетот за реновирање на фасадата 2.144.355 денари, а рокот за изведба е четири месеци.