Деновиве беа одржани и состаноците наменети за вовед во работа во објектите предвидени за реконструкција. Присутни беа изведувачите, претставници од надзорите задолжени за следење на работните активности при реконструкцијата и претставници од Министерството за образование и наука и Општина Кочани. Како изведувач при работните активности во ОУ „Никола Карев“ – Кочани се јавува „АТРИУМ“ – Вевчани, додека во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани изведувачот „ИНКОМ ИНЖЕНЕРИНГ“ – Скопје.
Реконструктивните проекти се воведени во работа и работните активности ќе бидат прилагодливи со оглед на тоа што училишната година е во тек.
Целокупната предвидена реконструкција е во рамките на проект одобрен од Министерството за образование и наука.