По 43 години, тоалетите во ОУ „Крсте Мисирков“ во Оризари се реконструирани.
Деновиве, во присуство на претставници од Министерството за образование и наука, на изведувачите и надзорот, беше извршен технички прием.
Директорката Соња Иванова, истакнува дека е решен еден значаен проблем во училиштето.
– Старата водоводна и канализациската инсталација е сменета и се поставени нови санитарни елементи, врати и прозорци и ново осветлување и на двата ката. Средствата ги обезбеди Министерството за образование – соопшти Иванова.
Според директорката, приоритет за ОУ „Крсте Мисирков“ во наредниот период ќе биде замената на кровната конструкција на училишната зграда.