Состанокот го отвори претседателот на Советот на засегнати страни Сашо Стоименов, по што Маре Басова укажа на важноста на вклучувањето на членовите на Советот на засегнати страни во планирањето и реализацијата на планираните активности во Заштитениот предел „Осоговски Планини“.
Членовите на Телото за управување на Заштитениот предел пред присутните ги презентираа реализираните активности во 2024 год., кои беа предвидени во Годишниот план за управување со Заштитениот предел како и во Планот за управување. Претставниците од Советот на засегнати страни ја истакнаа поддршката и задоволството за успешноста на реализираните активности.
На крајот на овој продуктивен состанок се донесе заклучок за продолжување на заедничката соработка помеѓу Советот на засегнати страни и Телото за управување со што ќе се придонесе за поефективно решавање на тековните проблеми кои се јавуваат во рамките на границите на Заштитениот предел „Осоговски Планини“.