Повеќе од сто велосипедисти од различни краеви на Македонија учествуваа на петтата планинска велосипедска тура „Осоговска авантура“, што се одржа на падините на Осоговските Планини во организација на велосипедската група МТБ „Исток“, со техничка поддршка од Спорт клубот „Електрика“ од Кочани.

Велосипедистите поминаа 36 километри на релацијата Пониква – Царев Врв – Пониква,  искачувајќи се на висина од 2085 м, со висинска разлика од близу илјада метри.

Настанот „Осоговска авантура“ придонесува за промоција на планинскиот велосипедизам на Осоговските Планини.

Велосипедската тура „Осоговска авантура“ се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.