Почитувани,

Трите капитални проекти кои се во тек на градежни работни активности, а еден во финиширана фаза, се изведуваат во интерес на граѓаните на Општина Кочани.

Како инвеститор на потисниот цевковод во с. Грдовци се јавува ТАВ од чии средства се извршува овој значаен проект, додека финансирањето на проектот на реконтруираната улица „Роза Петрова“ е преку Бирото за регинален развој. Проектот за реконструкција на канализационата мрежа во с. Тркање е финансиран од Швајцарската агенција за економска соработка – СЕКО.

Ова покажува дека овие проекти не се финансирани од буџетот на Општина Кочани, ниту од нечии приватни средства, а најважно од се е дека овие проекти се од значителен интерес за нашите сограѓани, бидејќи се решаваат долгогодишни проблеми.

Воедно, една од обврските на градоначалникот на Општината е во текот на неговото работно време да врши надзор на реконтрукциите и проектите во тек, како и да извршува нивна посета на лице место.

Оние проекти кои сегашниот градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов сметаше дека се во интерес на граѓаните и би решиле одреден долгогодишен проблем, ги продолжи од неговиот претходник за да не останат на лист хартија.

Во моментот се реконструира и Градскиот парк во Кочани и дали ова значи дека веќе започнатиот проект треба да го продолжиме? Или можеби да го оставиме да го завршите вие, ако некогаш се вратите на власт?

 

Со почит,
Кабинет на градоначалник на Општина Кочани