„Развивање на планови за одржлива урбана мобилност за општините Кочани, Кавадарци, Струга, Струмица и Прилеп“ е дел од Проектот за поврзување на локални патишта со поддршка на Меѓународна банка за обнова и развој- Светска банка, Договор на Министерство за транспорт на РСМ со заеднички настап на TRT Transporti e Territorio Srl, Milano (Италија како водечки член) и Bogazici Proje Muhendislik A.S (Турција, како член, консултант).
Иницијативата е насочена кон подобрување на пристапноста, промовирање на одржливи начини на транспорт со опфат на влијанието врз животната средина. Развивањето и спроведувањето на Планот за одржлива урбана мобилност (ПУМП), SUMP е сложен процес кој бара работа и координација помеѓу поврзаните политики и локалните чинители. Транзицијата кон одржлива мобилност бара активна поддршка од засегнатите страни и од пошироката јавност со вклучување во текот на процесот на планирање, адресирање на нивните специфични барања со што ќе се се легитимира ПУМП(SUMP) и ќе се подобри неговиот квалитет. За добра проценка дизајнирана и развиена за поддршка на анализата на различни политики за одржлива урбана мобилност со стратешки пристап одговорете на прашалникот од следниот линк