Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов беше одржана работна средба со Гунтер Капраун, генерален директор и Кабир Бариов, извршен директор на компанијата „Меристем Тоби“ во Кочани.
Одржаната средба беше со цел размена на искуства и разговор за идна можна соработка, како и информирање и промовирање на бизнис плановите на компанијата, со очекувана поддршка од Локалната самоуправа за меѓусебна соработка.