Во рамките на настаните од 58. издание на Драмскиот аматерски фестивал, во посета на Кочани престојуваше амбасадорот на Република Словенија Милан Предан.

На средбата со градоначалникот Николчо Илијев беше истакната континуираната соработка со неколку пријателски словенечки општини, посебно со Крањ, од каде како донација Општина Кочани лани доби специјално возило за интервенција на пожари на големи височини, како и со Жалец и Блед, со поддршка во аплицирање проекти за финансирање од Европската Унија.

Амбасадорот и градоначалникот отворија теми за интензивирање на соработката во делот на културата и стопанството, како и за можноста за пренесување на словенечкото искуство во подготовката на проекти за искористување на средства од претпристапните  фондови на Европската Унија.