Денеска во просториите на општинската зграда се одржа работен состанок во рамките на Центарот за развој на Источен плански регион. На работниот состанок присуствуваа градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, директорот на Центарот за развој на Источен плански регион, Зујица Ангелова и претставници од Центарот за Источен планскиот регион.

Работниот состанок беше наменет за избор на Регионални проекти, финансирани од Грантовата шема и Бирото за регионален развој.

Денешната средба се одржува по завршената прва форумска сесија за идентификација на предлог-проекти за финансирање од Грантовата шема и Програмата за рамномерен регионален развој.
Беа дискутирани проекти за развој на Пониква, управување и селекција на отпад, како и уредување на локалитетот Локубија.