Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски и претседателот на Советот, Јордан Димитров го пуштија во употреба повеќенаменското игралиште во населбата Трајаново Трло во Кочани.
– Ова е осмото повеќенаменско игралиште во Кочани, сметам дека е добредојдено за жителите од населбата Трајаново Трло. Ве повикувам совесно да го користите и да ги чувате реквизитите – порача градоначалникот Димитровски.
– Игралиштето е изградено на површина од 1300 м2 и е составено од терен за ракомет односно фудбал, две игралишта за кошарка и игралиште за одбојка. Терените се осветлени со два столба со рефлектори за ноќно спортување. Подлогата е асфалтна, во комбинација со бехатон и префабрикувани риголи. Општина Кочани и КЈП „Водовод“ направија распоред на култивирани садници, по обемот на локацијата – соопшти Александар Гицов, раководител на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Кочани.
Досега Општина Кочани прилагоди односно изгради повеќенаменски изгралишта во дворот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, потоа во населбите Валог, Усова Чешма, Оризари, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и во населбата Тикешински Лозја, во дворот на објектот „Сончогледи“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“.