Поради зголемената потреба од кастрење на гранки во овој период од годината, одделението „Градско зеленило“ при КЈП „Водовод“ – Кочани со своите вработени изврши кастрење на гранки на повеќегодишни дрвја на повеќе локации во градот, се со цел продолжување на животниот век на истите.
Деновите во функција на употреба беше пуштена нова машина Мулчер – Дробалка за гранки која е обезбедена како донација од страна на Швајцарската амбасада за потребите на Прочестителната станица во с. Мојанци, која функционира во рамките на КЈП „Водовод“ – Кочани.
Со ваквиот начин на работење се обезбедува поголема количина на субстрат за производство на органско ѓубриво во рамките на Прочистителната станица, како и намалување на органскиот материјал во градот со што се придонесува кон зачувување на животната средина.