На 20 и 21 јули во периодот 20 ч. до 3 ч. ќе се врши прскање против комарци.

Запрашувањето ќе биде од земја со инсектицид одобрен од Бирото за лекови, а ќе биде опфатен градот Кочани и низинските села Тркање, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.

Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.

Лицe за контакт: Гоце Серафимов, 072/275-629.