Поради лошите временски услови во Кочанско, третата фаза од превентивното прскање од земја против комарци не е завршена во претходно закажаниот термин.

Оваа дезинсекција ќе се реализира на 13 и 14 август (четврток и петок) 2020 година во вечерните часови. 

Со прскањето ќе биде опфатена површина од  300 хектари  на  подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Се известуваат пчеларите да ги преземат мерките за заштита на пчелите пред и по завршувањето на дезинсекцијата. 

Третирањето ќе се изведе со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

Во случај на неповолни  временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен период.