В сабота, на 18 ноември во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на кочанскиот православен храм, ќе биде промовирана книгата „Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење“, во издание на Општина Кочани.
Делото чии автори се Илинка Атанасова и Љубинка Ајтовска претставува пресек на историското и духовното живеење на храмот „Свети великомаченик Ѓорги“ и обид за систематизирање на значајни податоци, факти и документи од живеењето на Кочани.
Книгата содржи податоци за неколку традиционални свештенички семејства од Кочани, а каталогот на икони и други богослужбени предмети, како дел од ова издание, ѝ дава посебна историско-уметничка тежина.
Рецензент и промотор на делото е проф. м-р Александар Атанасов, кој нагласува дека со расветлување на генезата на храмот „Свети великомаченик Георгиј“ и хронологијата на формите низ кои опстојувал и се развивал, се развиваат колективната меморија и сознанијата за минатото, сегашноста и иднината.
Промоцијата започнува во 18 ч.