Денеска на Пониква, Осоговските Планини се промовираше новата опрема и теренски возила за управувачот со заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево – ЈП Национални шуми, кои се обезбедени во рамки на поддршката на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата (ПЗП).
Зајакнувањето на капацитетите на ЈП Национални шуми за одржливо управување со заштитените подрачја Осоговски Планинини и Малешево е еден од приоритетите во Плановите за управување со заштитените подрачја, каде покрај обезбедувањето на соодветна опрема, е вклучена и обука на лицата задолжени за реализација на предвидените активности.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствo, Швајцарската агенција за развој и соработка, Јавното претпријатие Национални шуми, Центарот за развој на Источен плански регион, претставници од Фармахем, Македонското еколошко друштво како и локални чинители.
Настанот го организираа ЈП Национални шуми, со подршка на Програмата за зачувување природата во Северна Македонија, координирана од Фармахем, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.