На 24 декември 2024 година, со почеток во 13 ч., во ЈОУ Библиотека „Искра“ – ќе биде промовирана книгата за деца „Во светот на палавите епиграмчиња“ од авторот Миле Ѓорѓијоски.
Делото ќе го промовира Љубинка Ајтовска, а во промоцијата ќе учествуваат ученици од општинските основни училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Раде Кратовче“ со нивните менторки Љупка Соколова и Светлана Кралова.
Настанот е во организација на ЈОУБ „Искра“ и Општина Кочани.
