Во петокот, во ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани беше промовирано делото „Развојните фази на играорните ансамбли во Кочанско Поле“ од Жаклина Стојчева-Јорданова.

Како музичар и член на повеќе фолклорни друштва, Стојчева-Јорданова ја истражувала и ја публикувала историјата на играорните состави од Кочанско.

– Играорните ансамбли се чувари на нашата орска традиција и тие се заслужни за она што го имаме денес. Тие имаат голема улога како значен репрезентативен сегмент од нашето музичко минато, но и во социјално-воспитниот процес, затоа што тие претставуваат колективна заедница со значаен квантум активности со уметнички квалитети – истакна Стојчева-Јорданова на промоцијата.

Делото го промовираа професорите по етнокореологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Родна Величковска и Владимир Јаневски, а на промоцијата беше претставена машка и женска народна носија од Кочанско и беше изведено оро од ветерани на Фолклорниот ансамбл „Кочани“.

Издавањето на делото е со финансиска поддршка од Општина Кочани во висина од 40 илјади денари, средства од Програмата за култура.