За потребите на Проектот за поврзување на локални патишта при Министерство за транспорт и врски каде Општина Кочани има поднесено потпроекти за Реконструкција на постојната улица „Гошо Викентиев“ со должина од 243 м и Реконструкција на постојната улица „Раде Кратовче“ со должина од 543 м. Во најскоро време ќе започнат градежните работи на овие улици.

Со проектот, на јавноста ѝ се дава можност активно да го следи изведувањето на планираните градежни работи преку воспоставениот Механизам за жалби и поплаки кој припаѓа на Стандард 10 од Рамката за животна средина и социјали аспекти на Светска банка.

Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки (преку примање жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање) и со Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Двата документа се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.

Механизам за жалби и поплаки.

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот.