Комуналните служби ги продолжуваат активностите за чистење и одржување на хигиената на јавните површини во Кочани.
По отстранувањето на малите депонии на повеќе локации во централното градско подрачје, денеска теренски работни активности се спроведоа на улиците „Роза Петрова“ и „Димитар Влахов“, каде што се чистеа рабници, се собираше смет, насобран отпад по улиците и се косеа обраснати тревни површини.
Интензивните активности ќе продолжат и претстојниов период, со цел да се подигне степенот на хигиената на јавните површини.























