Градежната оператива работи на поставување асфалт на левиот крак на улицата „Орце Николов“, со што се заокружуваат активностите на проектот за асфалтирање на десетте улици со заемот од Светска банка.
– Работиме на дооформување на улиците со заемот од Светска банка, за жителите од овој дел на градот решаваме значајно инфраструктурно прашање. Деновиве се асфалтираа и дел од улиците во Прокарка што значајно ја подобрува инфраструктурната слика во општината – рече градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.
До крајот на седмицата ќе се асфалтираат десниот крак на улицата „Орце Николов“, „Ѓорче Петров“ и „Пиринска“, соопшти Влатко Димитров, помошник-раководител на Секторот за уредување на градежнот замјиште во Општина Кочани.