Денеска во 10.30 ч. во просториите на Центарот за донации во Кочани (поранешна „Порака“), соработниците и ангажираните лица од проектот Општинско-корисна работа ќе информираат за текот на активностите и за придобивките од проектот што Општина Кочани го реализира во областа на социјалната заштита.
Програмата Општинско корисна работа преку проектот „Со добра волја кон подобро утре“ во Општина Кочани се реализира по четврти пат.
Оваа година за Општина Кочани има одобрено најголем број ангажирани, максимална бројка од 15 лица во пет различни области и тоа: шестмина во давање услуги на деца од предучилишна возраст, четворица за услуги на стари и изнемоштени лица, двајца како асистенти на лица со хендикеп, двајца за услуги во Центарот за донација и едно лице е ангажирано во посредување во делење на храна во народната кујна.