Синоќа беше одржано финалето на 20. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Најпрвин се одигра меч за третото место кое му припадна на „Пролет“.
Победници на овогодинешниот Перовденски турнир е екипата на „Ауто велт“, а второто место го понесе екипата на „Џинџер“.
Паричната награда за првонаградените изнесуваше 60 илјади денари, за второто место 30 илјади денари, а за трето 15 илјади денари.
На доделувањето на наградите, беа прогласени и најдобриот стрелец – Тоше Манов, играч – Иван Стојчев и голман – Јоже Јованов. На тројцата им беа доделени ваучери во вредност од 6 илјади денари.