СЕ ПОВИКУВААТ граѓаните на Општина Кочани кои имаат материјална штета од пожарот што ја зафати територијата на општина Кочани и околните села во деновите 02 и 03 август 2021 година, да поднесат пријава за проценка на штета во Општина Кочани – Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди (пожар), ВО РОК ОД 14 ДЕНА.
Барањето, односно пријавата за штета можат да ја подигнат од едношалтерската канцеларија во Oпштинта или да ја симнат од ВЕБ страната на Општина Кочани.
Кон пријавата во прилог да приложат:
- копија од лична карта
- копија од трансакциска сметка
- фотографии од опожареното место (доколку имаат)