По повод Светскиот ден на Ромите, градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски приреди прием на делегација од Роми.
Честитајќи им го празникот, Димитровски зборуваше за состојбата и поддршката од Општината до ромската заедница.
– Република Македонија се грижи за Ромите, а Општина Кочани со сигурност е меѓу првите со поддршка за нив. Најмногу внимание посветуваме на најмладата популација, при што водиме сметка за опфатот во образовните институции. Во делот на инфраструктурата асфалтираме улици, градиме потпорни ѕидови, а веќе за наредниот период ќе ја реконстрираме улицата „Стамен Манов“. Според правилници, применуваме повеќе мерки за социјално ранливите семејства со лекови, превоз, помош за новороденчиња – рече градоначалникот Димитровски.
Претставниците на граѓанските здруженија се заблагодарија на градоначалникот и на претседателот на Советот за соработката и целосната поддршка што ја имаат Ромите од локалната самоуправа и од Советот.