Во знак на добрата соработка на културен план, градоначалникот Ратко Димитровски организираше прием на официјалните делегации од Хрватска, Словенија, Турција и Бугарија – гости на 24 издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2015“.
– Пријателствата се размена на искуства и знаења. На нашите ценети гости сакаме да им дадеме скромни, пригодни подароци коишто ќе ги потсетуваат на Кочани, на оризовото бело злато и ќе бидат аманет да не се заборавиме – рече на приемот Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.
Годинава гости на манифестацијата беа делегациите од Крањ – Словенија, Дидим – Турција, Крижевци – Хрватска и Павел Бања – Бугарија.
На приемот присуствуваа и претставници од фолклорните ансамбли, учесници на овогодишната манифестација.