Со поставувањето асфалт, завршува изградбата и на улицата „529“ во населбата Усова Чешма, како и на „Димитрија Лазаров“ во Белското Маало.
Во тек е и изградбата на тротоар на улицата „Страшо Ербапче“ до влезот на селото Бели. Со цел да се обезбеди уредена пешачка зона, оваа фреквентна релација во должина од 908 м ќе биде осветлена. Трасата ќе добие јавно осветлување, за што ќе се вградат и 23 светлосни ЛЕД-арматури.
Во фаза на реализација е крак од улицата „Роза Петрова“ со паркиралиште, во непосредна близина на станбениот комплекс во населбата Калиманова Глава, каде се уредува површина од 3 илјади квадратни метри.
Според Програмата за уредување на градежното земјиште за 2021 година, во Оризари се гради улицата „Царка Ѓорѓиева“, во должина од 450 м, којашто ги поврзува неодамна асфалтираните краци од „АСНОМ“ и „Ангел Донев“.