Денеска, во салата за состаноци на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со директорите и училишните педагози од основните училишта во Кочани во врска со претстојниот упис на првачиња во основните училишта.

Согласно реонизацијата потребно е секој родител да се јави за упис во училиштето во кое согласно реонот припаѓа ученикот, од каде што воедно родителите и ќе добијат покана.

Родителите кои нема да добијат покана потребо е да се јават во најблиското училиште, согласно местото на живеење во текот на месец мај 2023 година.

Соопштението за запишување на ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 во основните училишта во Општина Кочани е на следкиот линк.