Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ се најде на листата училишта на кои Министерството за образование и наука ги прифати апликациите по јавниот повик за реконструкција на објекти на основни училишта.
Во наредниот период, во Музичкото училиште ќе се изврши реконструкција на кровот и адаптација на тоалет за лица со посебни потреби, за што ќе бидат наменети близу 6 милиони и 200 илјади денари од Буџетот на Министерството за образование и наука.
Општинското музичко училиште „Ристо Јуруков“, кое е сместено во западното крило на комплексот „АСНОМ“ во Кочани, подолго време се соочува со дотраеност на кровот. Со новопроектираната состојба, се предвидува реконструкција на кровот на училиштето со нов кровен покривач од пластифициран ребрест лим. Реконструкцијата опфаќа замена на прозорците на куполата со нови.
Со цел да се овозможи еднаков пристап во училиштето, ќе се изврши адаптација на еден од постојните тоалети за лица со посебни потреби, со потребните градежни позиции и соодветна санитарна опрема.